„До каде одела желбата да се изгледа како кралицата“, во ерата на кралицата Елизабета I? Како жените трпеле за убавина во минатото?
Во ерата на кралицата Елизабета, англичанките и жените во минатото користеле многу „токсични препарати“ да изгледаат како неа и замислете, свесно правеле сѐ во служба на убавината. Секако, репер за убавина била, никој друг, туку кралицата Елизабета I. Токму таа ја користела оваа „сурова козметика“.
До каде можела да оди желбата на жените да бидат убави? Што се правеле тие за да изгледаат како кралицата Елизабета?
Имено, употребувале сулфур и го мешале со ливчиња на шафран за да добијат црвена боја на косата иста онаква како бојата на косата на кралицата.
Во тоа време, најголем тренд било да се има бел тен. Всушност тоа значело дека сте од повисоката класа и баш ваквиот тен на кожата особено на лицето (можеби затоа што надолу ништо не се гледало под долгите фустани), ги издвојувало жените од оние кои работеле по полињата на сонце и ги „сместувало“ во високата класа.
За да го постигнат тој изглед, користеле мешавина од олово, оцет, арсен, измет и други материи кои ги нанесувале на нивните лица преку белките.
А потоа? Уф…Е тоа што се случува потоа, веројатно го објаснува познатото:„ Трпи за убавина!“ Иако на тој начин ќе се постигнел посакуваниот сребрен сјај на кожата, истото предизвикувало парализа, лудило, па дури и смрт.“
Жените во минатото трпеле големи последици за да изгледаат убаво. Имале главоболки, крварења на носот и што ли уште не! Ова денес е незамисливо и веројатно го дефинираме како повеќе од ужасно! Жените од тоа (веројатно лудо) минато, ја користеле сопствената урина или урината од животни за да имаат посвеж тен. На лицето си ставале волов измет за да ги решат мозолчињата. Исто, ставале маски на лицата од жива и терпентин и после осум дена ги отстранувале со пареа и леб. За да ги избелат забите, англичанките користеле сребрена и златна фолија што секако биле отровни.
Што би можеле да додадеме на ова „екстремно лудило“? Резимираме: со сила убавина не бидува!