Подготовките за четвртото издание на детската трка Мини Трчај бе 2026, влегуваат во својата завршна фаза, а организаторите потсетуваат дека пријавувањето официјално завршува утре, точно напладне.

На 13 јуни, битолското Шеталиште и Градскиот парк повторно ќе бидат во знакот на детската насмевка, спортот и забавата, кога стотици деца ќе го преземат градот и ќе станат главни јунаци на еден од најубавите семејни настани во регионот.

Мини Трчај бе 2026
Мини Трчај бе 2026
Мини Трчај бе 2026

Секое пријавено дете ќе добие стартен пакет кој вклучува официјална маичка, торбичка и учеснички медал што ќе биде доделен по завршувањето на трката Мини Трчај бе 2026 . Во пакетите ќе има и дополнителни изненадувања и подароци обезбедени од партнерите на настанот.

Покрај учеството во трката, децата ќе имаат можност да бидат дел од бројни забавни активности, фотографирања и содржини кои традиционално го прават Мини Трчај бе еден од најочекуваните детски настани во годината.

За најуспешните учесници организаторите подготвија и специјални награди, додека сите деца ќе заминат дома со свој медал и спомени од ден исполнет со дружење, игра и спортски дух.

Организаторите ги повикуваат родителите кои сè уште не ги пријавиле своите деца да го сторат тоа во текот на денешниот ден и утрешното претпладне, бидејќи по 12:00 часот пријавувањето официјално ќе биде затворено.

Мини Трчај бе 2026
Мини Трчај бе 2026

На 13 јуни не се трча само за резултат. Се трча за насмевки, нови пријателства, самодоверба и спомени кои децата ќе ги носат долго по завршувањето на трката.