МИНИ ТРЧАЈ БЕ – Детски спектакл на трчањето во Битола

Битола викендов беше сведок на најмасовниот детски спортски настан во градот досега. МИНИ ТРЧАЈ БЕ

Над 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ. Имено, трката се организираше по втор пат. Минатата година на инаугуративната трка учествуваа 380 учесници. Оваа година, тој број се зголеми речиси тројно, што ја одразува растечката популарност и влијанието на настанот.

Детската трка имаше подолг период медиумска кампања изградена околу една идеја. Секое дете е суперхерој и е способно да постигне големи работи со вистинско охрабрување. Организаторот со поддршка на Атлетската федерација на Македонија на 12 основни училишта од градот, им подари опрема за атлетика и 50 учесници од социјално ранливи семејства селектирана од страна на училиштата добија шанса бесплатно да учествуваат.

МИНИ ТРЧАЈ БЕ

Примарната цел на детската трка е да се всади љубов кон физичката активност. Да се постават лични цели и да се поттикне чувството на заедништво и достигнувања кај децата. Но и да го слави она што еден од најтрофејните атлетски клубови во Македонија со историски рекорди – АК ОЛИМП формиран во 1960год во Битола, а згаснат пред извесно време, беше возобновен токму од организаторите на ТРЧАЈ БЕ.

Фотографии на: Димитар Стојановски И Диоген Хаџи Коста Милевски