Крај на втора сезона на Mimi Yugo – Best Of

Крај на втора сезона на Mimi Yugo – Best of
Се дотурка и ова сезона. Југото не се предаде и нема да се предај. Мими истера многу успешни емисии, а со гостите уживаше цела публика низ Македонија.

Чоеко наш е сега веќе познат водител и јутјубер. И се си думавме оти ќе не заборај… Ама неговиот алтруизам, емпатија, амбиција и одговорност, се појќе се нагласват и нашата соработка, соработката со ,,razbudise.mk” продолжува да трае.

Мими креира посебна приказна низ етерот, а во ова видео не потсеќа на сите екстра забавни моменти.

Владимир Ивановски – Дади, Никола Тргачевски – Кумба, Душан Кузевски – Дуле, Димитар Андоновски, Марјанчо Георгиевски, Елена Наумовски, Александра Јанева, нашиот градоначалник Тони Коњановски и многу други личности од областа на културата, образованието, естрадата се повозија во југото на Мими.

Уживавме во муабетите и интересните ,,шок” моменти кои стварно ја забавуваа публиката. Јак беше моментот кога Кумбата скокна клизачи од зад седиште и дандало му го пукна на Дади… ,,Хилариус” (шо би рекле американциНе), беше и со Тренето и Севдето ко земаја пасош за да одат на 8ми Март и да се куртулат од мажите…

Јако си поминавме и со нашиот познат стендап комичар и брилијантен актер Марјан Георгиевски, а тука со него и мазник се вртеше и паре се бараше… Се на се, Мими имаше фантастична сезона и едвај чекаме нови видеа и моменти за паметење. Во меѓувреме, следат нови соработки, урнебесни видеа и мигови за паметење.
А сега погледнете исечоци од најекстра моментите во Mimi Yugo и уживајте.