Прокапи југото на Мими, масло на сите страни – Агим Џело во YUGO

jugoto na Mimi Mimi yugo југото на Мими

Дефек во југото, ама то не го спречва Мими да сними емисија!

Овај пат во најновото видео во југото на Мими се наоѓа Агим Џело. Камерман, режисер на познатиот документарен филм „Битолските кафичи низ времето“. Познат е по емисијата Металманија која датира уште од 1996 и е единствена во етерот низ Македонија со уникатна содржина. Агим е соработник со големи имиња од музичката алтернативна сцена. Со светски популарни оргазнизации на најпопуларни концерти, се разбира и наш соработник. И ми се чини оти доволно го исфаливме…

Настрана шалата ѕирнете го видеото, ама наше е да си најавиме…

југото на Мими

Од ко се прегледаја на огледало на шо личат во фаците, си стартоваја со „Чачара – пачара“. Можи југото на Мими не возеше, ама зато со муабетО не извозија до Австралија, не прошетаја кај кенгурите… За секунда испливавме на „Бондај Бич“, а од таму прошетваме по стритО и напрајвме шопинг во едни од најголемите молој во Мелбурн и Сидни. Е таму, според Агим и Мими, (кои бај д веј баги прошетани биле), велеле „Добар ден“ продавачите. Замислете! „Добар Ден!“

-…А овде намќор те пречекват на пати. – вели Агим, а Мими се надоврзва – Кромид во сурато 🙂

Имено, на мајтап или не, бараме начин како да ги разбудиме читателите, гледачите, публиката. Како да ги вратиме тие добри, убави времиња кога луѓето не се ѕвереле во телефоните и кога навистина живееле!

„Порано беше поинаку… Сега каква и музика да им пушташ, не те перцепират, скролат на телефон или те снимаат. А таа снимка, со гаранција нема никогаш да ја видат… За жал заборајвме да уживаме во моментот!“ – ќе речи гостинот евоцирајќи спомени за некогашниот урбан живот во Битола. Низ носталгично чувство, се вратија во Висаж и времето кога Агим таму пушташе музика. Ни раскажа шо се дешавало, а богами и нас ни разбуди чувство да се вратиме во тоа некогаш.
Да не должиме многу оти некако пак се замуабетивме… (Стандард. Самод а се дрдорело) Во продолжение погледнете го видеото на Мими и уживајте во уште една емисија. Воедно најавуваме и ние уште едно интервју со Агим Џело.

П.С. Фала Богу, ќе го прашаме нешто друго, да не биди то па то…