Марија Луиса го кажа судбоносното „Да“ на Мими со југото!

Марија Луиса Мими со југото marija luisa mimi yugo

Битолската фолк ѕвезда Марија Луиса го кажа судбоносното „Да“ на Мими со југото!

Значи ете за шо ти било то југото на Мими. Цела работа била Марија Луиса. Вака оргинал битолски, да исчачориме. И не оти оговараме, само муабет си прајме. Ќе прам емисија ваква, таква, ама не знам за шо ќе биди. Па ај нека биди во југо… Па ај ќе викнам некоја позната фаца да биди дел од емисијата, и на крајот…Оп! Марија Луиса жена му стана на Мими со југото. Ѓом ела гостинка биди ми.

Епа, богами, Мими им одржа лекција на сите фраери.

Марија Луиса Мими со југото

Шала на страна, ова е најновото видео на Мими, каде битолчанката отворено зборува за себе. Во југото призна дека оние кои многу добро ја знаат и кои се тука за неа со години ја знаат Марија, а оние кои не ја познаваат, тие ја гледаат само Луиса.

-Да! Станува збор за две различни персони – рече Марија. – Понекогаш и мајка ми кога ќе седнам пред огледало да се шминкам за настап, знае да ми искоментира: „Aјде, ја кладе маската!“

Марија се отвори и откри дека навистина знае да ја „вози“ улогата што долго време ја игра, но всушност е далеку од сето она кое за неа го претставуваат медиумите. Имено, пејачката вели дека себе си не се доживува како надмена личност.

Околу истата тема ќе забележе и дека публиката околу нејзината кариера е со поделени мислења. Едни ја сакаат, други не. Но, токму тоа е веројатно доброто во маркетингот.

Не може сите да те сакаат! Тогаш нешто не е во ред!“ – ќе рече Марија Луиса. Имено на шала или не, плански или неплански (ко шо рековме погоре), Мими го наметна муабетО за мажачка и туку наеднаш изваде прстен. Марија рече оти баш сакала да проба да види како е во брак, а на овај нашиот Мими со југото, од пусто незгодно, од срам или колку да напрај арно и да му се најди на гостинката, си ја побара за жена!

А дали нивниот брак ќе трае долго и што открива понатаму пејачката погледнете подолу!