Ко ќе се дерат билдерите уствари е СКРОС нормално – Mimi YUGO i Ceca – Fitness mum!

Mimi-YUGO -Ceca - Fitness mum

Дисциплината е основа за добар живот. Колку и да имаме некоја замисла за некоја неодредена – патека која треба да ја поминеме и да стигнеме до тој посакуван таргет и успех, доколку не сме одговорни и „рецка“ не му маваме на ова работа, ваљда џабе ни е се. Апсолутно се согласуваме со гостинката на Mimi YUGO – Цветанка Огненовска Аврамовска, фитнес тренер, инструктор, а богами ние би рекле и мотивациски говорник. Mimi YUGO i Ceca – Fitness mum!

Мими не можело да го натерат да вежба и ваљда то беше причината шо ја викна Цветанка. Некој плаќа пари за ваква мотивација, а некој има само југо. Ах море Мими, не знајме ние шо дешаваш мислиш! Шала на страна, ова беше едукативна епизода, а Огненовска Аврамовска истакна многу совети. Сподели дел од нејзината приказна, зборуваа како до таа упорност, а нас… Па можда нас и не задумаја… Дали некако не тргат работите ради та пуста дисциплина и кој е тој ден ко ќе го навиеме сатот ко шо треба?

Mimi YUGO Fitness

Режимот е фундаменталниот дел од првата скала кон успехот. (Уау ова како звучи а? ) Па така, за сите оние кои допрва планираат да освојат некоја цел, топло ви го препорачуваме видеото. Аплауз за муабетот и советите од Цветанка Огненовска Аврамовска или како шо Мими ја именува во насловот на најновото видео Cvetanka Ognenovska Avramovska – YUGO – Ceca – Fitness mum! А за муабето со билдерите и нивните „воздишки“ по теретаните кои многумина го дешифрират како смешен момент или преправајнци (на битолски), уствари не било така. А како е, слушнете ја Цветанка.

Уживајте во уште една епизода. Гледајте YUGO и читајте razbudi se. И да, ко шо рече Паљото во една друго видео: Мијте ги мишките!