Мими во југото го собра и Дедо Мраз!

Мими во југото си собра баги љуѓенца во годината што измина. Во југцето влегваја негови пријатели, роднини, убај чоечиња, познати и не толку познати. И некако секогаш си се тепаја убај муабети, не се чачореше, ами имаше позитивна атмосфера, чиста енергија и јаки дискусии.

И така дојде идејата. Што ако оваа приказна е евидентрана? Така, Мими во југото реши да си напрај емисија, а богами ние ко публика ја прифативме идејата и го поддржавме проектот. Така заврши оваа успешна година, а Мими од сега се спрема за многу нови видеа и јаки гости. Фала Богу климата ќе си стој рачна. Оти да не се лажиме, баш то РЕТРО е моментот.

Новогодишно шоу, еуфорија, тро музиче и лабави муабети. Многу гости во југото на Мими и сите во име на новогодишните и божиќни празници.
Дури и Дедо Мраз се курдиса в југо. Тро незгодно и тесно оти тој учен со ирвасите, со санката, ама шо муабет без него овие дена.

Гостите споделија лични искуства околу своите професии, некои приватни дешавки и урнебесни сцени шо ги имат чкртнато ко епизоди во споменарО. Се мана песниче и на тамбура, а дали се извај ракијата зад камера, е то… Никој не знај освен Мими. (А можно е и Кумбата ако се крие зад седиште. Ништо чудно.) Марјан Георгиевски исто така беше дел од оваа емисија и сподели како тој го доживува театарскиот универзум. Што е со актерите во Македонија и театарот…

И да не должиме многу. Подолу во текстот видете го целото видео и уживајте во новогодишна емисија со нашите битолчани.