Art Time
Песната ,,Пајтонџија” на Мими ја освои публиката на настанот,, Ех таа серенада!”
Битола е секогаш инспирација. Уметниците одново се повикуваат на Битола. Нотите извираат и колку понекогаш и да е тешко. Битола е приказна и еден пајтонџија во чаршијата. Битола е серенада, а по тој повод се случи првото издание насловено токму така:,, Ах таа серенада”. Имено, песната ,,Пајтонџија” на Мими ја освои публиката. ,,Зад нас е […]
Битола е секогаш инспирација. Уметниците одново се повикуваат на Битола. Нотите извираат и колку понекогаш и да е тешко. Битола е приказна и еден пајтонџија во чаршијата. Битола е серенада, а по тој повод се случи првото издание насловено токму така:,, Ах таа серенада”. Имено, песната ,,Пајтонџија” на Мими ја освои публиката.
,,Зад нас е еден исклучителен ден, исполнет со напор, возбуда, предизвици и радост. Ако го мериме успехот на еден настан според насмевката на лицата и искреноста на аплаузот на публиката, тогаш можеме да биде задоволни. Првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ ги надмина очекувањата и ги освои срцата на битолчани.” – велат од Културен Информативен центар Битола за вчерашниот воодушевувачки настан.
Се пееа стари и нови серенади, а меѓу нив публиката со овации ја поздрави песната ,,Пајтонџија” чија музика и аранжман се потпишани од Мими Марковски.
Христијан Тоневски ја изведи оваа прекрасна серенада, а Никола Ристевски го напиша текстот за ,,Пајтонџија” кој долго ќе се памети.



