Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во југото на Мими – Која е нејзината приказна?

југото култура Бисера

На Мими југото стана вистински бренд. Од мала идеја до голема визија и вистински бум. Кој не се повози во југцето, а и кој не сака да биде дел од оваа емисија. Овој пат во југото е министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Концептот на емисијата, пред сѐ е да ги видиме гостите, во најкежуал издание. Така, сите ги „вадат“ краватите, или официјалниот дрес код предвиден за нивната работа и се опуштаат. Уствари „криво“ е југото на Мими. Олдтајмерот сѐ некако како да ја создава таа атмосфера. Во југото на Мими ја видовме и министерката за култура Бисера, која несебично ни прати позитивна енергија. Професорка на „Педагошки факултет“ во Битола, зборува четири јазици и неуморна во контекст на работата и псотојаното учење. Назад во студентските денови, се сеќаваме на Бисера како искрена личност и професорка што точо знаеше да не научи, упати, мотивира.

југото култура Бисера

Инаку, Мими и Костадиновска Стојчевска, се возеа за време на празниците, па баш така и започна нивниот муабет. Празнично, еуфорично… Понатаму Бисера раскажа за нејзиното детство кое го помина во Битола, младоста и секогаш носталгичниот момент кој е присутен доколку го напушти нашиот град.

Пријателски разговор, лоцирање спомени, професионалниот ангажман и аспирациите на нашата министерка. Каква била таа во младоста и која е приказната што стои зад оваа жена.

И да… фФала Богу климата е рачна, аксесоарО (микрофоно) функционира, тро „дрмка“ камерата и сѐ си е опуштено. Топ емисија и одличен гостин во југото на Мими. Погледнете го видеото подолу во редовите.