Овој театар ги оживува сликите на генијалецот Микеланџело Мериси де Караваџо

Микеланџело Мериси да Караваџо театар

Микеланџело Мериси дe Караваџо! Овој маестрален уметник бил наречен татко на барокното сликарство.

Импозантните дела останаа да сведочат за неговиот уникатен стил со техниката наречена тенеброзо. Караваџо сликал на црна позадина, а фигурите и предметите на неговите слики се осветлени со еден слаб извор на светлина. Оваа светлина всушност овозможува тродимензионална слика како резултат од темнината. Ефективно. Емотивно. Драматично. Всушност и баш таков бил уметникот. Драматичен и не баш малку симпатично импулсивен. Бил познат по неговиот (во крајна смисла блуднички живот.) Неговата наклонетост кон развратнички живот и експлузивниот карактер, го донеле до бројни судски обвинувања. За негово време, Микеланџело Мериси дe Караваџо!, бил доста опуштен. Строго се спротивставувал на тогашниот систем, на стегите и задскриеното, според него, откривање на извесна реалност. Неговите слики се и ден денес генијални и раскажуваат за фактот дека тој внел новитети во уметноста и тоа преку ноќ.

Но, она што е интересно за него, е податокот дека всушност тој за своите дела користел живи профили.

Проститутки и просјаци биле дел од неговите модели кои позирале. Како што се вели во еден медиум, веројатноста дека ним и не баш им било удобно со часови да останат во иста искривена позиција, можеби зборува за неговата жестока страна. Веројатно уметникот сакал да оди до крај и да ги нацрта генијалните дела без да се направи пауза.

Имено моделите на Микеланџело Мериси дe Караваџо! биле користени за да се направат уметнички слики со библиски теми. Но, токму тоа му бодело очи на црквата и секако и за тоа бил жестоко обвинуван. Сакал да прикаже светици, а истите биле нацртани со огромно деколте, разголени, со високи потпетици. Поради неговиот реалистички пристап, тој ја пресликувал вистината, а таа набрзо била откриен и осудувана. Имено, во тоа време имало закон „ Живописниот едикт“. Тој строго забранувал на лицата на светците да им се даваат човечки карактеристики и експресии кои обично ги прават луѓето. Но, на ова му пркосел бунтовниот Микеланџело Мериси . Така, неговата денес најпозната слика „Мадона со змија“ висеше во катедралата Свети Петар само два дена.

Денес Микеланџело Мериси дe Караваџо е еден од најгенијалните уметници чии дела навистина заслужуваат восхит.

Имено, истражувајќи го неговот име, на интернет наидовме на еден интересн театарски ансамбл кој преку т.н. живи фотографии ги емитува неговите дела. Интересен перформанс што ја заинтересира публиката ширум светот. Актерите кои ги рекреираат сликите на италијанскиот сликар Микеланџело Мериси да Караваџо, се од италијанската театарска компанија Ludovica Rambelli Teatro.

Погледнете ги фотографиите и видеото подолу во текстот.

Микеланџело Мериси дe Караваџо

Микеланџело Мериси дe Караваџо