Битола урбано место – Изложба „PROTOTYPE”, свежи концепти на млади уметници

Изложба „PROTOTYPE"

Изложба „PROTOTYPE”истражување за уметноста, модата и општеството во кое живееме

PROTOTY претставува изложба како спој на модниот дизајн на брендот LOM, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика. Изложбата цели кон промовирање на творбите на локалните уметници во градот Битола. Истоимената изложба истовремено ја анимира графити културата и применетата уметност како една свежа перспектива на урбаното егзистирање.

Изложба „PROTOTYPE"

Двигател на идејата за концептот на PROTOTYPE е брзото и дигитализирано секојдневие

Изложбата се состои од модна колекција на дизајнерка Марта Дојчиновска од модниот бренд LOМ и уметнички дела изработени од графити уметникoт Драган Милованов/Hybrid Minds. Изложбата ќе биде со времетраење од три дена, од 27 октомври (петок) до 30 октомври (понеделник). Истата, ќе биде сместена во долното фоаје на Центарот за Култура во Битола. Ова е институција која безрезервно ја поддржува културата и уметноста. Ги отвора вратите за нови и свежи уметнички концепти на млади уметници. Отворањето на изложбата ќе биде во петок. Ќе има надополнување со внимателно избран електронски музички сет. Диџеите Дејан Талевски (Dejan Dex), Слободан Ташковски (T-Zobe) и Емилија Наскова. Останатите два дена, сабота и понеделник, се отворени денови за посетување на изложбата.

Изложба „PROTOTYPE

За изработка на модната колекција на брендот LOM се употребени природни материјали. Истовремено се употребуваа и материјали од мешан состав како и алтернативни материјали.

Посветено е посебно внимание при кроењето и изработката на модните парчиња облека. За брендот LOM е веќе познато дека се внимава на изразботката, одржливоста и свесноста околу загадувањето на природата, затоа секој еден материјал се употребува до максимум односно до создавање на минимален отпад. При изработката на модните парчиња за оваа колекција доколку останува отпад тој понатаму во процесот повторно се реупотребува, а поголемите остатоците од материјали се употребуваат за изработка на ново парче облека или за моден додаток.

Колекцијата се состои од фузија на форми и бои.

Црната боја е двигател на оваа колекција, која се разложува на сина, мастило/електрик сина, крем, зелена, темно зелена боја и како и нивни нијанси во комбинација со неон зелени акценти. Во колекцијата се проткајуват авторски, уметнички принтови како и принтани материјали, со што се создава еден необичен микс на шари кои се вклопуваат со уметничките дела од Hybrid Minds. При создавањето на оваа колекција е вложено многу љубов и грижа за секое парче облека. Колекцијата се состои од женски модни парчиња како и унисекс модни парчиња и модни додатоци. Оваа изложба ја слави индивидуалноста, парчињата облека претставуваат форма на самоизразување и платно за уметничка експресија. Секое модно парче облека вклужува микс од текстилни материјали инспирирани од природата, создавајќи врска помеѓу природниот свет и урбаната средина.

Графити уметникот Драган Милованов/Hybrid Minds создава фузија од урбани графити и живописни портрети.

Неговата уметност Ве поканува да патувате низ градските, урбани улици претставени на уметничките платна со спреј. Позадините на овие дела делуваат како ”едно раздвижено секојдневие на урбан град” а врз нив прецизно се изработени портрети на жени и животни, при што секој портет ја раскажува својата уникатна приказна за заштита и грижа на природната средина. Уметничките дела се изработени низ призма на бои кои се проткајуваат во модната колекција. Во делата доминираат зелени и сини тонови и препознатливи за уникатниот стил на Hybrid Minds.

Во непосредна близина на секое платно на оваа изложба, се наоѓаат изложени современи унисекс модни дизајни кои ја применуваат истата урбана атмосфера и палета на бои. Парчињата облека претставуваат уметност за урбани поединци кои сакаат да се изразат преку стил на облекување.

“PROTOTYPE ” е истражување на врската помеѓу уметноста, модата и општеството во кое живееме.