Меркур наопаку во Лав: Подгответе се за драма! Да, пак е тука. Господин Ретрограден Меркур – космичкиот мајстор за хаос, e во знакот Лав. Тоа значи само едно: сите сакаме внимание, сите сакаме луксуз, ама батали логика и трпение!
Од кафе што ќе те остави без пари до емотивни пораки испратени на погрешен број – ништо не е невозможно кога е Меркур наопаку поставен. Астролозите викаат: „не купувај, не потпишувај, диши длабоко и врати се на старите идеи (или љубови )“.
Кога Меркур танцува наназад: Еве што ги чека сите хороскопски знаци!
Секој знак ќе ја почувствува ретроградната магија на Меркур на свој, мошне драматичен начин. Еве еден краток тизер за секој од вас – доволно за да се насмевнете, но и да се замислите:
- Овен: Сакаш да се забавуваш? Океј. Само не фрлај пари како да си на Холивуд.
- Бик: Куќата бара ремонт, но буџетот вели „не“. Прегледај стари сметки.
- Близнаци: Твојот телефон ќе направи спин-офф серија од „Грешка во порака“.
- Рак: Купуваш работи што те радуваат 3 минути, а те трошат 3 месеци.
- Лав: Главна улога? Да. Но без драма во продавница – врати се на старите идеи!
- Девица: Твојата интуиција сега вреди повеќе од банкарски советник.
- Вага: Пази да не те „поткачи“ некој тренд што ќе те кошта пријателство и пари.
- Шкорпија: Сакаш признание? Погледни ги старите успеси и оживи ги!
- Стрелец: Не купувај билет за егзотика – ќе стигнеш до соседното село.
- Јарец: Време е за затворање на стари долгови, не за нови инвестиции.
- Водолија: Убаво читај договори – иако љубовен!
- Риби: Апликации и кафенца те оставаат без денар. Стар клиент = нова шанса.
Совет од ѕвездите?
Биди мудар, не фрлај пари од инает, и врати се кај оние што некогаш ти мислеа добро.