Предлог филм: „Babygirl“ – ги испитува границите на моралот и страстите

„Babygirl“ – Психолошки Еротски Трилер што ги испитува границите на моралот и страстите

„Babygirl“ – ги испитува границите на моралот и страстите. Овој психолошки трилер ја раскажува приказната за забранетите  љубови и за внатрешните конфликти што ги дефинираат нашите најдлабоки емоции. Филмот е во режија на Халина Рејн.

Кидман во „Babygirl“  ја носи улогата на успешна извршна директорка, која ја почнува опасната љубовна врска со својот многу помлад практикант. Од првиот момент, филмот ја истражува динамиката на љубовта, желбата и на сите внатрешни прашања што произлегуваат од личната и професионалната амбиција. Дали страстите кои ги рагоруваме се навистина наш избор или тие се одраз на нашиот внатрешенен свет.

Секоја сцена во филмот е длабоко натопена со психолошки напнатости. Ние гледаме како се развива врската помеѓу двајцата и како се распаѓаат тие лични граници! Антонио Бандерас како сопруг на Кидман, додава елемент на љубомора  и несигурност која понекогаш ја разнишува основата на најдлабоките емоции.

„Babygirl“ ги поставува прашањата што не сме ги поставиле. Како го дефинираме нашето достоинство и самопочит? Каде се границите на љубовта кога ги мешаме кариерата и личните амбиции?

По својата премиера на Венецискиот филмски фестивал, филмот доби седумминутни овации, што ја потврдува неговата значајност и моќта на неговата приказна. За сите љубители на филмови што ги предизвикуваат интелектуалните и емоционалните граници, „Babygirl“ е задолжителен.

пишува: Ромина Марковска