Победата на Доналд Трамп го донесе пред светот победничкиот говор во Вест Палм Бич. Доналд Трамп беше придржуван од своите деца и сопругата Меланија Трамп. Во моментот на триумф, Меланија –облечена во елегантен комплет од Диор вреден 6 000 евра, го држеше Трамп за рака… Што ја симболизираше поддршката на семејството.
Како поранешна прва дама, Меланија во текот на првиот мандат на Доналд Трамп, се истакна со својот едноставен, но префинет стил. Изгледа дека повторно ќе ја продолжи оваа традиција. Облечена во сиво палто и здолниште од францускиот бренд Диор, блесна со стил и елеганција.
Имено што се однесува до победата на Трамп, од перспектива на светските аналитичари, враќањето на републиканскиот лидер може да значи потенцијално затегнување на глобалната сцена. Ваквото лидерство би можело да донесе зголемени тензии... Тензии во односите со традиционалните сојузници... А и поинаков пристап кон меѓународните организации и климатската политика. Според аналитичарите, овој чекор би можел да доведе до дополнителна поларизација меѓу светските сили, особено во клучните прашања како глобалното затоплување и трговските договори, поставувајќи нови димензии за глобалната стабилност.