Мажите в нужник ја спасват државата! Абе не му е лесно и нив. Така вие мислите е то… Пљукни залепи. Нема бе, то е пријателчиња, се дума! Мора да се издума! Се решават многу битни прашања! Се решава прашањето околу политичката нестабилност, па како да се испрај работата со Европа, како да се влези клизачи и таму…
Види, мажите думат многу работи во тоалет. Се прај есапо, се прај математика за фамилијарнио буџет. Како ќе се запишат на факултет децата, каде, шо како…? Ништо не едноставно. А не е едноставно и на одмор со децата. Па настинале, па изгореле, па замирисало на пипс од комарци, на ракија, на млеко за сунчање и секако… Кисело млеко за мачкање. Оти обавезно горат. Ни 50ка фактор не поможва ни ништо!
Во оваа епизода Лилето и Гичето ја дораскажаја приказната за то како уствари изгледа еден балкански одмор. Колку се шаштисват жените, а како реагират мажите на сето то.
@vikaj.ura ,,Балкански одмор" – трет дел #odmor#mama #zeni #mazi#korona#toalet #foryou @Zez@lica ♬ The sound of hitting the keyboard of a personal computer(1069674) – Nirai Kanai
И да! Водата 200 денари ја наплаќат! Како бе?! Демек ние од чешма шо пиевме шо ни фали.
Погледнете го видеото ТУКАи ужувајте во хумор, сатира… А дали ќе се пронајдете? Епа не е случајно. Намерно е.
Играат: Елена Трпковска Наумовски и Катерина Петровска. Следете ги на нивните профили на инстаграм и ТикТок. Следи нова забава и нови урнебесни видеа со малку поинаков концепт.