ВИДЕО: Балкански одмор – Епизода 2: „Гичето Лилето и Мажите“

Тешка работа е да си балканец. Некако како да сите да си имаме кодекс на однесување. Кодекс за по дома, правила за излегвање, правила за воспитвање на деца, за мажачки, женачки… А видиш, моментално најактуелно е прашањето: Како изгледа еден балкански одмор? А можи и побитно е прашањето… Како да се преживеј та работа? Или…Убо е…леле, леле, леле – шо би рекла Лилето!

И така ни се родија Лилето и Гичето. Ги знаете сто години, да повториме оти ќе ги знајме уште наредни двеста.

Ова е втора епизода од серијалот „Балкански одмор“ на Лието, Гичето и мажите. Во видеото играат Катерина Петровска и Елена Трпковска Наумовски. Дали ги доловија сите балканци, не можиме да гарантираме, па зато чест на исклучоците, ама дека ситуацијата ко ќе се оди на одмор е тензична, тензична е…Да не се лажиме.. Во продолжение погледнете го најновото урнебесно видео и следете ги на нивниот инстаграм и тик ток профил – Vikaj Ura .

Оти како е? како оди работата? – Викај ура!