Како е? – Викај Ура! – е најчестиот муабет, шо се слуша веќе години…Хмм и изгледа ќе се слуша. Токму од тој момент, дојде идејата за насловот.
Што всушност раскажуваме со тоа УРА? Дали ни е баш дојдено до „ура“ или баш во тоа викај ура, се состои една самосожалувачка воздишка на пусто балканче. Демек си трпиме, си ќутиме, си преќутваме, ама ајде…Тераме даље. Се бориме. Елена Наумовски и Kaтерина Петровска сега ги претставуваат Лилето и Гичето токму на овој инстаграм профил – Викај УРА -(vikajura)
Можеме ли ние жените се? Па… Но, нели…Викај ура!
Имено, во најновата епизода , Гичето и Лилето си расприкажват како поминале на одмор? Летен одмор со мажи и деца? Хмм Има многу на темава нели? Нарочито ако станва збор за балканци. „Знајш како е ко ќе одиш на одмор со дечиња“ – ќе речи Лилето… Па требало апчиња, шИрупи, фластери, топломери…Да не настинат децата. на Лилето и Гичето му е ок со пајнците миење, а на Целе и Бале, се некако му смета то лежењето на жешкото. Ги сакати сонцето, се скапаја вртење ко вентилатор на лежалка. Шо живот тој таков… Ама ај: „Викај УРА“. Само не знајме кој ги креваше масите, столиците, лежалките за на плажа… Мускулите, гумите и цел багаж шо го крена Лилето… Синкир „Трст виа Скопје“ биле.
И види, да ги сфатиш и мажите бе пријателе. Не му е лесно. Водат триста бизниси, се мачат и таман отишле на одмор да поспијат, овие ги вадат децата од 7 сабајле. Ги мачкат, ги спремат со купачи, со алишта за нуркање, со влечки за на плажа оти многу камчиња имало и школки… Е сега кој пак викаше по децата… Видете си во видеото…
Мажите се жалат, жените се фалат. Попара муабетО и уште едно урнебесно видео кое се надеваме дека ќе ви се допадне… Заследете го нивниот инстаграм профил и секако најновите видеа гледајте ги и тука, на razbuise.mk