Синкир морало костум за матура… Изгледа дека конечно се излегува од клишето. И онака до пред некое време, матурата изгледаше како маскенбал. Не за друго, ами сите изгледа како да го чекаа моментот на матурската ноќ, само за да клат костум или некоја вечерна тоалета и да изгледаат како 40 +. Зошто? Епа баш на ова прашање едни матуранти дојдоја до навистина брилијантна идеја и нивното видео стана вирално преку ноќ. Имено станува збор за матурант од Босна и Херцеговина, кој одлучил да се пошегува на оваа теза дека матурата е вистински маскенбал, па наместо класичниот костум, ја одбрал облеката на баба му.
„Јас сум Анѓелка Шушик“, изјави тој за ТВ БН. „Моите внуци, бидејќи јас ги одгледав, ме избраа за придружник, многу ми е драго. Никој досега не го направил ова. Тоа се моите деца, ова е се во мојот живот”, продолжи тој, претставувајќи ги своите школски другари како „внуци“.
Додека зборувал овој матурант, бришел нешто околу устата на еден „внук“ (како демек грижлива баба што не сака да се „изрезили“ пред малите екрани. Улогата се „возела до крај, па потоа матурантот (бабата) добил бакнеж во главата од друго „внуче“.
Мора да напоменеме дека и „внуците“ беа на висина на задачата, кои имаа исклучително интересни комбинации. Едниот носеше костум со ликови од познатата серија „Southpark“, додека другиот имаше „смајли“ на костумот.
Ќе им биде ли криво оти ја пропуштиле шансата да блеснат на тој црвен матурски „тепих“ или…? Според нас, не би требало. Па ова се памети нели?
Погледнете го видеото, а вие од трета година средно, подгответе го вашиот „костим“ за следната година. Се надеваме се инспириравте.
LUDIM pic.twitter.com/HytqADZyVq
— 🌔 Mesečeva sonata 🌒 (@vodolija26) May 25, 2024