Што имаат да кажат матурантите и Акив во југото на Мими

Мими го следиме од самите почетоци. Секогаш има брилијантни идеи и знае кои гости да си ги викни во југото. И секако го „фаќа“ актуелното или актуелните дешавки низ Битолата, а богами почна да се шири и низ Македонијата. Инаку, овој пат Мими ги викна матурантите во олтајмерот или поточно тие со југото сакаа да одат на матура. Такви цели со се фустање и костуми, дуздисани сите влегоја во југото на Мими и ја искористија шансата да ја покажат шминката пред камера. Младост лудост.

Матурантите во емисијата Mimi YUGO раскажаа за школските денови, за времето поминато во школските клупи. Споделија и детали за тоа како врвеле во короната и колку (веројатно се) било хаос. Тежок бил периодот и за професорите, па некој од даскалите пред камера, за време на часот во време на пандемијата (богами) му дошло преку глава и ги искршил слушалките.

И сите си имаме итересни и „хилариус“ спомени од средношколските денови, од матурската ноќ, а богами и вторите и трети вечери. Она шо мор да нагласиме дека е тажно, е фактот шо појќето од учениците, ќе ги завршуваат своите студии надвор од Македонија, а и планираат да останат таму. Апелот е јасен, па веројатно и токму ова е скриената порака која Мими секогаш ја чува… Тука негде меѓу седиштата во југо. Прашањето е како да ги задржиме младите и нивниот интелектуален капацитет? како да ги поддржиме и како да им покажеме дека и тука, во нашата земја можат да имаат успешна кариера.

Епа, само Акив и ние останавме. Познатиот музичар, битолчанец го знаеме од фамилијарните веселби, свадби и често може да се види како ја крева атмосферата пред општина. Секако ќе му засвири на увце на зетО „Доста време ерген одев“, а овај дали ќе се премисли или ќе залепи некоја стотка негово е.

Како и да е, пак се зазборавме. Погледнете го видеото подолу во кое овој пат во југото на Мими има улога и Dream Cast продукција. Доста познат бренд кој котира највисоко помеѓу клиентите кога станува збор за одлични фотографии и совршени видеа.

…И да…извинете за битолскиО! намерно е. Не е случајно!