Масивниот накит беше на пиедесталното место пред неколку години. Но, како што знаме модата циркулира. Таа живее, не престанува да движи, а богами и не престанува да се врти во круг.
Големите брендови како Версаче, Шапарели и останати, веќе ги промовираат своите идеи за модни додатоци. Она што го забележавме кај Шапарели се масивните петлици, обложени со златен сјај кој му даваат посебен потпис на брендот.
Според она што го видовме на Pinterest, можеби би се запрашале дали масивниот накит, како големите огрлици, белегзии или обетките и прстените, ги враќаат своите пет минути. Веројатно, како вие сакате. Модниот стил е прашање на избор, па и слепото следење на трендовите, не е нешто кон кое стремиме, а и не би ви го препорачале.
Имено, стилските комбинации кои во себе ги содржат масивните аксесоари, секако немаат афинитет да креираат кич изглед. Тоа би значело дека доколку носите масивен накит, треба да го комбинирате со едноставни алишта во иста боја. Затоа што ваквиот накит е предоволен за да ве забележат нели?