Марк Менсон – „Е баш  ме заболе!“ – Предлог книга и еден „баги“ атрактивен наслов

Марк Менсон

Марк Менсон-„Е баш  ме заболе! Нештата и онака се зафркнати“

И дури се мисевме со Јуле од Book’s House, каква книга да ви предложиме, наидовме на една интересна приказна, со „баички“ атрактивен наслов. Како што велат за книгата, отаа претсавува „контраинтуитевен прирачник за живеење на животот!“ Популарната книга на Марк Менсон е суптилна уметност на живеење. Менсон е блогер кој е повеќе од популарен од причина што разбудува поинакво гледиште за значењето на мааните во нашите животи.

Според авторот, вистинскиот извор на моќ е во справувањето со стравовите и грешките. Ваквото  видување ја поттикнува идејата да трагаме по храброст и самоувереност.

Книгата комуницира директно, со хумор и интересни приказни. Истовремено претставува свеж поглед кон животот, поисполнет и реален.

Менсон не мотивира да ги прифатиме несовршеностите и да се справиме со нив преку хуморот. „Нештата и онака се зафркнати.“