Дали Жана на Марјан Стендап ќе преживеј? – ЕПИЗОДА 10

Фамиљарен банкрот во лудата куќа на Марјан стендап. Се е хаотично, ама битно ракијата се пие. Па, богами во овие тешки времиња уште та ако не е…

Еве како Саше на Марјан стендап сѐ доживува:

Сите на куп дома и фала Богу пусто македонско се кука, се плачи се корнат коси. Сметката за струја во вис, а богами и притисокО на Жана не застана да се крева. Раде (како глава на куќата, барем така си прај филм), одлучва да се игра лото. Се крева атмосферата, се прај шема шо бројки ќе се изиграт. Еми сите коцкари се сторија во ова држава, оти да не и ние. Синкир Лас Вегас сме.

-Го бирам бројот 5 – почнува планО. – Пред 5 години во кафето на старата ролери и паднаја. – се смеј Жана и под око ја гледа свекрва му. Уште постои тој такозвани притисок на односот сна – свекрва.

Натаму се бират и други бројки. Сѐ се бират пажливо, по датумите кои му значат на моето „прекрасно“ семејство. 17ката му е годишнина на Раде и Жана. 25 Септември мене ме родија (сто посто непланирано, уз ракија… Снемало струја, пак од сметки неплатени и шо ќе прајш. Досада!) На 26ти Миленчето „најучената“ дипломира на првиО факултет, па и овај број се дискутира ко добитен. Старио се приклучва клизачи и со цел патриотски дух, уз ракија го бира бројот 8 – Независна Македонија. И ете ти пак тензија.

-Ќути не спомнувај само Македонија. „Северна“ речи стариО… – се буни Жанета – Оти после ко ќе бараме помош за да ја вработат Миленчето, нема да не регистрират.

На 9ти Мадона (бабата) го кладе колко пластичен и нормално се бира бројот 4 ради ракиите на дедо: Една за здравје, друга за љубов, среќа бериќет.

А и на телевизија ете ти квиз. Се скреват сите и Жана форсира да се јават. Ем можи ќе добијат нешто, ем ќе си кажат се шо му лежи на срце. Жана ѕвони, ама Раде збора. Со страв ама си кажват оти сѐ испустија, цела држава така ја остаја. Од златни фабрики во кои работеле, сега дојдоја до 12 500 за сметка за струја. И кога водителО им кажва оти ќе добијат машина за праење брашно, Жана потенцира дали та машината е на струја… Али кој ја слуша.

на Марјан стендап

Си се пожалија, си кажаја се шо му лежи на душа, ама сепак добија утешна награда. 3 кила брашно шо можат да си го подигнат од Скопје.

Успат, Жанета искука и за фактО оти младите се исселват… – Ама в куќа кај нас никој не мрда од дома. Сите се туткаме, како синкир на реално шоу сме како задруга дома сме. – Сепак, Каја ќе заминвала на 10 дена, ќе го шетала светО. Во Занзибар ќе оди, ќе ја искинат лавојте, умо никако да му дојди…

…И секако тука настапувам јас – Сашо! Наеднаш сѐ се претвора во турска серија. Конечно собрав храброст да им соопштам. Јас и Елеонора одлучивме да се преселиме.

Мајка ми Жанета… Уф не знам дали ќе преживеј. Черешна се „оТ“ корен корнеше работата.

Тензично е кај Марјан дома, а како сето то изгледаше видете си во видеото најгоре на текстот. И не се смејте многу многу, оти кај сите истото е.