Марјан стендап – Епизода 9 Втор дел

Урнебесно видео на Марјан Георгиевски или ко сите шо го знајме Марјан стендап.

Минатиот пат видовме дел од новогодишната атмосфера во,, неговата луда куќа”, а сега да го видиме остатокот. Погледнете го видеото, уживајте, а ако сакате и да ѕирните како сето тО изгледаше во очите на Саше прочитајте го текстот под видеото од маестралниот Георгиевски Марјан (стендап).

… И ете ти го ѕвончето.

На врата Мирето со Ицо мажот му се истопорија. Зела та некои сарми и ај ќе славиме. А мене дали до сарми ми беше. Ах бре Сашо бре. Како можев да се зацапам толку.
А Мирето сарми порачала од на фајсбук. Од некоја си,,Весна сарми”, профил на фајсбук.

Еве ја Жана ја. Цела недела за то збора. И на сестра му од кај кенгурите му кажва оти не знај да свитка едни сарми, а домаќинка се прај. И влегват сите наконтени, ајдеее нова година ќе славиме. Нема грешка. Лани попара се напраја со комшите сега сите на маса заедно се киселат. А јас патам, во патна состојба. Овенат таков никаков над ѕунѕурки.

И еве ја Жана уште на тетка ми од Австралија му раскажва колку жустро беше низ годините со гостиве.

Дрш не дај и Славољуб го чапна сајзеро. Со искуство.

Двајсе години ја имал водено желботеката на радио. Од срце пеј чоеко нема шо тука. Да се пеј да се рика. А јас плачам над елка. Тие пеат, јас тагувам. Немам кому да се радувам… Ах Сашо бре, тебе песна не те весели дете златно бре!

Се испрај и старата и та кутна некоја ракија. Жана и за то се изнервира. Не за ракијата ами оти како прва виолинистка во градо на времето, барем 100 евра да даеше државата за нега за неа. Ама то е.

И журката се префрли кај Каја в соба. Се мана уште по некоја и ете ти го ѕвончето. Нора. Мојата Нора. Цела лепршава бабуњосана во алкохолизирано издание.

Ама секси не знајш колку. Чудо нешто. Се изгушкавме се сторивме, си простивме. И дури ние си јадиме благи в детска од пакетчињата, ја слушам

Жана:,,Цец туку ќе ти велев… Да не имаш 500 долари, оти велите за кучиња скитници давате по улици?

Фала богу, ЦЕЦ напрај класичен ,,лефт Д конверзејшн” и толку од муабетО.