Неговото име направи вистински интернет земјотрес. Можеби нeма човек што не е запознаен со неговиот автентичен смисол за хумор и неговите спектакуларни видеа. Во овие тешки времиња, богами време е некој да не насмее. Разбуди се ја има истата идеја, да ве разбуди, расположи, освежи, насмее. Така, си се најдовме на иста фреквенција и започнуваме соработка. Разбуди се отстапи место за најпопуларното актерско име. Марјан Георгиевски со нови видеа! Стенд–ап комичар, актер во народниот Театар Битола, режисер на извонредни претстави кои долго се паметат, сценарист, како и автор на книга за која македонската книжевна сцена допрва ќе зборува, а веруваме и пошироко.
И како што најави вчера, актерот си стои на зборО. После подолго време пауза, Марјан Георгиевски се враќа на сцената со нови видеа кои имаат однапред подготвена агенда да лансираат епски хумор, извонредна сатира и нешто кое на сите ни е потребно во овие теши времиња. Урнебесна смеа и уникатен хумор во кој веројатно сите би се препознале.
Погледнете ја неговата прва епизода од големиот серијал во кој навистина ќе уживаме цела зима. Насловот на епизодата имено е:,, Луда куќа! Еден ден ќе залади и… “. Марјан во негов типичен стил, игра повеќе ликови, оргинал битолско или македонско семејство… А шо се дешава со фамилијата ко ќе залади? Епа видете сами!
Од денес во Разбуди се, Марјан со нови видеа! Погледнете!