Милена калдиса, Жана под притисок – Марјан Георгиевски секој ден со кратки видеа
Долго време ја нема лудата куќа на Марјан Георгиевски. Мирето комшивката насекирана, дури ојде да потслушни шо се дешава. И не оти оговара, ама ко да и се слушнало стенкање, лелекање. Цела збунета му се јави на Жана да види да не се изматуфи на стари години. Али друго било работата, се вели во едно од кратки те видеа на Марјан Георгиевски. (Секако креатор на најурнебесното шоу)
Милена почна да шишти.. Калдисала скрос после тие сокојте од јаболка.
Сите дома пеплосани.. Камен во бубрего му најдоја. Притисоко в небо му се крена.
-ТаЈа шушти, оваја шишти… Двете викат, цркат… Мене ми се прислоши… Манав два диазепами, малку ми беа… Манав уште еден… Ми се потслоши како за повраќање, како за спиење… – раскажа пуста Жана.
Арно Раде бил тука.. Ќути ја кренал Милена…
-Почнавме да се дериме, да викаме… Хаос беше мори Мире! – се пожали Жана во најновото видео на Марјан. Во своја одбрана призна оти му се заврти во глата бубачка оти резил се сториле… Поненормални од ова комшивката над нив. Испаѓа ко синкир ова е Луда куќа, а дали навистина е и дали можи секој од нас би се пронашол во ликовите? Нема шанса! Или…? М?
Како и да е, од денес Марјан со кратки видеа секој ден ќе ни раскажва шо дешава секој поединец од фамилијата. Кои се нивните навики? Како течи нивното секојдневие?