„Трудноча – мајата“ фати и кај барбиките во Холивуд. Марго Роби трудна! Уау! Шо мислеше? Така ќе помини актеркава? Гарант нема лабаво и во Холивуд. Стапнуваш и одма те тероризират: „Ајде до кај сте?“ Така и Роби со избраникот.
Инаку парот се запознал на сет во 2014 додека работелe на филмот Suite Française од 2014 година. До тогаш (барбиката шо после филмот „Barbie“ донесе пинк треска и попара напрај кај чупињата оти сите си мислат оти станаЈа кукли наеднаш), абер немала да „земи некој на душа“. Марго Роби, не планирала врска, не се замислувала во брак, а камоли да има дете. Ама едно мисли камилата, друго мисли камиларот.
Иначе Том (чоеко на австралиската актерка) не е актер, али и тој е дел од филмската индустрија.
Знај чоеко кај се парите или и тој по уметноста е. Кариерата ја започнал како продукциски асистент. Пред цела та работа, се појавил во три филмови за Хари Потер. Искрата кликнала на снимање во 2013. Марго ја глумела Селин, а батето од зад камера шмекал.
…И така денојве, папараците на магазинот People, ја скивна двојката и заклучиле оти Марго и Том ја чекат првата радост. Џуниоро не се знај кога за „прв пат“ ќе го вдиши холивудскиот живот, бидејќи актерката, ко шо велат, вешто се криела под овие оверсајз кошулите и претерано гломазните торби кои некогаш и на пазар не си дозволвавме да ги носиме, али то е тема за модата и да не се распливнуваме. Манете зум, и видете го трудникото стомаче на актерката.
П.С. Искрено се надеваме оти Марго Роби нема да влези во филм ко Ријана и многу други, па да земи да го експонира „мешето“ облечена во провокативен аутфит за кој овие нашиве балканци викаат големо НЕ. Мислам…резил… Како така срамО јавно да си го покажва!
И уше еднаш извинете за битолскиО ама намерно е, не е случајно.
Фотографии од папараците погледнете тука.
фото – print screen/you tube