Барби манија та ,,салам” зеде залет – Нека не има Господ во предвид оти то е!

барбиманија ковчег

Опседнатоста со Барби се случувала одамна , но сето тоа било некако затскриено и латентно. Сѐ до прикажувањето на филмот за истоимената кукла. Барби манија та зеде залет!

Така, изгледа малку се претера работата. На интернетот наидовме на неколку луди идеи инспирирани од Барби, што зборува за светската Барби манија. Погледнете кои се најлудите нешта кои се инспирирани од филмот.

Собирала барбики со децении, а после филмот конечно се осмелила да отвори музеј продавница. Затоа што нели сега е оправдано да си опседнат по оваа кукла!

Имено, Ширли собирала барбики со децении и пред неколку години одлучила дека би било уредно да ги изложи. Така, во 2022 година, таа и нејзиниот сопруг (кој друг, ако не Кен) го отвориле музејот за кукли и играчки на Понтиак и продавница за подароци. Половина од продавницата е посветена на продажба на стари играчки, додека другиот дел е музеј со секаков вид на кукли што можете да си замислите. Сега после филмот за Барби, Ширли има милионска посетеност.

Барби манија

Велигденски јајца со ликот на Барби – најнов easter trend

Тука нема што да зборуваме, самата фотографија раскажува се.

И нај бруталното – Розови ковчези инспирирани од Барби! Господа нишчува

„Во Ел Салвадор, погребалното претпријатие ја подигна Барби-манијата на ново ниво нудејќи избор на ковчези украсени со елементи на Барби“ пренесува еден од српските медиуми.

И порано имаше глупости… Сигурно малку постарите генерации ќе се сетат (оти да не се лажиме остаревме се запустивме): Харлем шејк, па тој предизвикот со ладна вода шо се потурваја, ама ова? Изгледа дека оваа ,,Барби манија” завзеде салам и се некако не оди на арно работата. Имено како што пренесуваат, во Ел Салвадор ова е сфатено како креативна иницијатива на погребалните претпријатија. Станува збор за метални ковчези кои се достапни во погребалната ,,куќа” насловена како „Алфа и Омега“ во градот Авакачапан, во близина на границата со Гватемала.

барбиманија

Исак Вилегас, сопственик на погребалното претпријатие, откри дека првично ја вовел опцијата розов ковчег како одговор на возбудата околу претстојната премиера на филмот „Барби“ во јули. Сепак, големиот интерес што ја зафати Латинска Америка, го убеди да користи повеќе украси инспирирани од Барби, вклучително и ткаенини покривки кои ја прикажуваат фигурата на куклата. Ковчезите исто така се украсени со мали бели ѕвезди, додавајќи посебен шмек на елеганција.“ – вели цитатот од нашиот извор.

Вилегас во своја „одбрана“ изјавил: „Решивме да го искористиме овој момент. Забележавме дека розовиот ковчег стана вистински тренд и луѓето пројавија интерес. Од речиси четириесет луѓе кои се распрашаа, веќе се договоривме да соработуваме со најмалку десет нови клиенти.

Клиенти? Хммм…

Но, ако до сега не сте слушнале и не ви било јасно, ова не е сѐ! „Оливерес“ е погребално претпријатие кое исто така го привлече вниманието на Тик Ток и сето тоа стана вирално. Најинтересниот момент е всушност натписот или слоганот кој се користи за да се промовира новиот дизајн на ковчег наречен „Куќа на Барби“. Молам? Ало режија дали се слушаме?