Хуманитарна вечер со македонски автори во организација на Book’s House – Најурбаното книжевно катче во Битола

македонски автори во Books house

Хуманитарна вечер со македонски автори во организација на Book’s House во градот на конзулите, пијаното и книгата

Книжарницата Book’ s House со хабит на постоење во градот на конзулите, организира вечер што ќе ги афирмира нашите македонски автори.

Со автентична идеја, газдарицата на книжарницата Јулијана Делев, настанот го наслови како „Хуманитарна вечер со македонски автори“. Истиот, ќе се случи на 23ти септември (сабота) во локалот Бар Општина кој е лоциран веднаш до книжарницата.

Book’s House, најурбаното место и книжевно катче во Битола, константно верува во вредноста на човечкиот живот. Практикува континуиран, хуманитарен ангажман со единствена цел. Барем за момент, да се подобрат условите на човештвото со морален, алтруистички и емоционален пристап. Тие велат: „Нашето малку, некому може да биде многу!“

Овој пат, целта на Books House е да соберат средства во насока на помош за средношколците со попреченост од СОУ „Таки Даскало“- Битола.

македонски автори во Books house, razbudise.mk

На настанот ќе се продаваат книги од повеќе македонски издавачки куќи. Евидентни имиња од македонската книжевна сцена, ќе бидат присутни на настанот. Ќе се донираат книги и рачни изработки, донација од ракотворци по цена за сечиј џеб. 

Она што ќе биде круна на настанот, е поетскиот збор на Блаже Конески од песната  „Пролет“  во вокална интерпретација и музика на Сара Петровска и аранжман на Дејан Марковски  која ќе стави печат на пораката од хуманиот човек:

„..Од поле,

децата прв пат,

донесле врбов цут…“   

Во градот на конзулите, пијаното и книгата и во есен е пролет и во зима е лето.

македонски автори makedonski avtori vo Books house хуманитарен настан