Лосот – Кралот на Шумите, тестираше едно BMW во Шведска! Лосот – кралот на шумите како неочекуван посетител предизвика хаос во гаража на Schmiedmann Sweden. Тоа е продавница специјализирана за резервни делови и половни автомобили BMW. Ситуацијата изгледаше како сцена од филм, кога Виктор Ортергрен, извршниот директор, пристигна во гаражата за да го складира својот глисер пред зимата.
Неочекувана средба со Лосот – Кралот на Шумите
Додека влегувал, Виктор слушнал чудни звуци од гаражата. Заинтригиран, решил да провери, но она што го затекнал било вистински шок – огромен лосот, во средината на гаражата. Во страв дека животното би можело да нападне, Виктор се повлекол и успеал да да го сними необичниот инцидент со својот мобилен телефон.
Штета на реставриран BMW 850i
На снимката се гледа како лосот се подига на задните нозе и со предните копита ја удира каросеријата на свежо реставриран BMW 850i, подготвен за клиент. Автомобилот кој беше скоро совршено обновен, претрпел значителна штета – изгубена и удлабена каросерија, оштетена предна маска како и штети на возилото на еден од вработените.
Крај без повреди
Иако е значително вознемирен од материјалната штета, Виктор е благодарен што ниту животното, ниту некој случаен минувач не е повреден. На крајот, лосот успеал да избега и да се врати во шумата. Ова необично случување , освен што предизвика штета, остави и насмевка – BMW возилото поминало вистински „тест на лос“.