Како се гради лидерска комуникација и што навистина комуницираме кога зборуваме?
Утре, 16 декември, Utopia Academy го отвора својот најинтензивен и најсеопфатен комуникациски тренинг досега THE COMMUNICATION CODE & SPEAK TO LEAD, еднодневна програма наменета за лидери, менаџери и професионалци кои сакаат да комуницираат со јасност, да водат со присуство и да создадат здрава и функционална организациска култура.




Обуката обединува два паралелни концепти во една стратегија:
• THE COMMUNICATION CODE – комуникациски стилови што градат доверба и резултати
• SPEAK TO LEAD – науката зад стиловите на комуникација и лидерското влијание
Во текот на еден ден, учесниците ќе добијат психолошка длабочина, практични техники и искуствени вежби, дизајнирани да ја променат секојдневната комуникација во тимови и лидерски позиции.
Пет психотерапевти еден заеднички пристап



Обуката ја водат пет психотерапевти од центарот „Свесност“, професионалци со силен академски, клинички и организациски бекграунд:
• Рената Димановска – LEAD WITH STYLE
Стратегии за пасивен, пасивно-агресивен, агресивен и асертивен стил
• Доц. д-р Марина Кузмановска – WHAT LEADERS REALLY SAY
Психологија на стиловите зад тишината, зборот и тонот
• М-р Љупчо Кимовски – THE HIDDEN DYNAMICS OF TEAMS
Како комуникацијата создава или руши култура
• Викторија Тодоровска – SAY IT RIGHT
Асертивна комуникација и здрави граници во тимови
• Катерина Крстевска Ристески – COMMUNICATION MASTERY 360°
Практични техники за јасна и стабилна лидерска комуникација
Што добиваат учесниците?
• Препознавање на четирите комуникациски стилови во реални ситуации
• Разбирање како стресот го менува стилот на комуникација
• Практични вежби водени од психотерапевти
• Алатки за појасна, посмирена и поефикасна комуникација
• Подобра тимска динамика и лидерско влијание
