„Кубански женски водич за чај и утрешнина“, нè води на патување низ емоции, култури и иднини кои ги создаваат жените. „Кубански женски водич“, фокусот го става на чајот како метафора и простор за самооткривање . Книгата нуди инспирација и поддршка за секоја жена што бара нешто повеќе од животот.
Овој „Кубански женски водич“, раскажува за Лила Рејес која никогаш не си замислуваше дека ќе мине едно лето во АнглиЈа. Нејзината визија за иднината беше јасна: ќе ја преземе улогата на својата баба како главен готвач во семејната пекарница… Ќе се пресели кај нејзината најдобра другарка; ќе живее среќно со своето момче. Но, животот имаше други планови.
Три непредвидливи настани ја уништија нејзината хармонија и ја оставија Лила распарчена и изгубена.
Овој „Кубански женски водич за чај и утрешнина“ ќе покаже што е најдобро за неа. Во обид да ја заштитат, нејзините родители одлучуваат дека најдобро за неа е да помине три месеци во Винчестер. Во Англија, кај далечни роднини. Но, Англија не е земјата од нејзините соништа. Сивите денови, ладниот прием на готвачката во гостилницата каде што престојува… И уште пригушената атмосфера на малиот град, ја прават Лила да се чувствува како да е заглавена во кошмар.
Лила не може и не умее да избега од реалноста. Соочена е со своите најдлабоки стравови во непозната земја.
Сепак, во овој „Кубански водич за чај и утрешнина“ ќе се роди светлина во истиот момент кога таа ќе го сретне Орнон Максвел, сопственик на една необична продавница за чај. И тој носи свои рани, но преку неговото пријателство, Лила открива нови нијанси на Винчестер. Орион Максвел станува нејзин водич низ улиците и градот и низ комплицираниот лавиринт на нејзината душа.
Со секој нов ден, Лила пишува ново поглавје во својот живот и полека гради мостови од кршливите остатоци на некогашните планови.
Ова лето кое започна како кошмар, се претвори во нешто повеќе… Во нешто што се вика „Кубански женски водич“ или поинаку, приказна за самооткривање, прифаќање и храброст да се соочи со непознатото.
„Кубански женски водич за чај и утрешнина“ од Лора Тејлор Нејми е бетселер број 1 според Њујорк тајмс и врв во изборот на книги од BOOK‘S HOUSE.