Крк-Кардаш – историска приказна од Битола

Крк-Кардаш

Крк – Кардаш е историска приказна од Битола за „Црквичето на 40те маченици “, место со богата историја и значење. Крк-Кардаш, според историските записи, првично било познато како муслиманско светилиште со запишани легенди за маченици и трагични доживувања.

Професорот Александар Стерјовски во својата студија го наведува Јован Хаџи Василевиќ кој ја опишува легендата за познатата муслиманска светителка. Taa била закопана на тоа место заедно со нејзините малечки 40ет синови кои таму загинале. И за приказ се направило тоа светилиште кое го нарекле Крк-Кардаш што би се превело од турски јазик на македонски јазик како 40ет браќа. „Турците како за светија и земат тие четириесет браќа, та му определиле стари жени да му палат ката петок свеќи и кандило.“ – според преданието на Марко Цепенков . Светилиштето привлекувало припадници на исламот кои ја палеле свеќата во знак на почит(според Хаџи Василевиќ, град Битољ, 1911).

Крк-Кардаш

Сепак, се наведува и друга верзија според професорот Стерјовски. Таа говори за тоа дека христијаните го преобразиле тоа светилиште во христијанско, посветено на 40те севастински маченици. Истото доведува до идејата на Владимир Костов за првичното христијанско светилиште кое потоа било исламизирано во нова историска фаза. Христијаните повторно го обновиле христијанскиот објект.

Терминот „севастински маченици“ се однесува на група од четириесет маченици, познати во православната христијанска традиција. Според легендата, овие маченици кои биле во служба на римскиот воен командант  Севастија, откажале да се одрекнат од својата христијанска вера. Заради нивната непоколеблива верност кон Христос, биле маченици во 320та година по Христовото раѓање. Оваа легенда е значаен дел од православната христијанска иконографија и културно наследство, а мачениците се почитуваат како светци во православната црква.

Овие различни интерпретации го обогатуваат значењето на местото Крк-Кардаш. „Црквичето на 40те маченици“ и го истакнуваат богатото мултирелигиозно наследство на Битола.

Крк-Кардаш во Битола привлекува почит и посети на верници од различни верски заедници. Тоа секако ја илустрира богатата мултирелигиозна толеранција и соработка во регионот. Освен религиското значење, Крк-Кардаш , местото на Црквичето на 40те маченици е важно за битолскиот идентитет и туристичка привлечност. Таквите свети места не се само места на верски обреди, туку и фокусни точки за интеркултурна размена и разбирање помеѓу заедниците. Ова историско културно наследство треба да се негува и заштитува како дел од општесвената баштина. Тоа ќе го зголеми значењето на местото во поддршка на мултикултурното собирање и соединување.

Независно од верзиите, Крк-Кардаш е сѐ уште обожувано и почитувано  во современоста. Традицијата на Денот на пролетта го прави популарно со масовни посети од верници и почитуватели. Крк-Кардаш е место каде што историјата, религијата и културата се сливаат и создаваат богат идентитет на ова свето место во Битола.

пишува Ромина Марковска

Фотографии – Диоген Хаџи – Коста Милевски