Разговор со еден од тимовите на „Креативен ден“ – Кога модата станува дијалог за промена

Кога уметноста се живее реално и е манифестација на сето она што ни недостасува. На она што ни треба… Кога таа е олицетворение на пулсот, енергијата, и чукање на срцето, се креираат најдобрите идеи. Токму така се роди идејата за настанот именуван како „Креативен ден“. …Кога модата станува дијалог за промена!

ИМЕНО ЗАД БРИЛИЈАНТНАТА ИДЕЈА И ПРОЕКТОТ, СЕ ПОТПИШУВААТ ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. Нивната автентична идеја поттикнува враќање на довербата и имиџот на стручните училишта. Настанот, поврзан со модата е линк помеѓу образованието и бизнис секторот. ,,Perwoll Renew”, со задоволство се приклучи на идејата. Веднаш потоа и други брендови го поддржаа овој уникатен проект. Модни дизајнери заедно со учениците, младитекреираат. А потоа познати и успешни дами имаат уникатно задоволство да ги носат нивните модели. Овој пат темата е цвет, а нивните замисли за тоа како ќе изгледа креацијата, навистина не фасцинираа.

Пред некој ден бевме на уште еден разговор со еден од тимовите. Од она што ни го траскажа овој тим и од нивните замисли за понатамошната креација и модел и од скиците за тоа како ќе изгледа модното финале, со воодушевување би нагласиле дека станува збор за оркестрација на уметничко раскажување низ текстил.