„Креативен ден“ – Настан што ја поттикнува креативноста и модната визија кај младите: Интервју со еден од тимовите

Што се случува кога модата е полигон за промоција на уметници, младите таленти и нивното делување? Токму тогаш, се креира вистинска сензација. Зборуваме за настанот „Креативен ден. Проект на професорките Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Танушева Ицаноска од текстилната струка во СОУ „Таки Даскало” Битола и Весна Божиловиќ од продукцијата „Божиловиќ”.

Со првична цел и замисла да се врати довербата кон стручните училишта и подобрување на имиџот, организаторите дојдоа до навистина брилијантна идеја. Идеја што од своја страна претставува и линк помеѓу образованието и бизнис секторот. Идејата ја препознаа и ,,Perwoll Renew”, а на истата се приклучија и други брендови што се приклучија кон апелот. За потсетување, модни дизајнери заедно со учениците, младите, креираат. А потоа познати и успешни дами имаат уникатно задоволство да ги носат нивните модели.

Имено разговараме со еден од тимовите. МАЈА АНДРЕЕВСКА моден дизајнер, ученичката Мелинда Ајдиновска и дамата што ќе ја носи нивната креација Соња Кондовски.

…И откако го испивме кафето во Бела Куќа Хотел Бистро, со девојките поразговаравме околу тоа како тие гледаат на оваа автентична приказна. Низ насмевки и комплетно позитивна, убава и шармантна енергија, тие ни одговорија на нашите прашања околу подготовките и ја задоволија нашата љубопитност за тоа што се крие зад „завесата“.

А штом сме кај апетитите кон модата, со Андреевска, поразговаравме околу трендовите. Kолку модната сцена се менува и колку е тешко да се биде во чекор со неа. Што значи да градиш професија која е дел од модниот универзум и... Каква е пораката што настанот ја пренесува во контекстот…

младите