Годишниот анимиран филмски серијал на Chick-fil-A со своите краткометражни филмови навистина знае да ги стопи срцата на бројната публика низ светот.
Станува збор за кратки видеа, краткометражни филмови кои на едноставен начин не потсеќаат на вистинските вредности. На вербата, надежта, часовите кои ги губиме без или едвај да ги заприметиме нашите најблиски.
Овие филмови, зборуваат за времето што лета, за изгубеното време и токму тоа скапоцено време со саканите. За искрата, за простувањето и колку понекогаш не ги гледаме работите иако тие се пред нас.
Секоја година низ празнична еуфорија, приказните на Chick-fil-A, поттикнува значајни моменти на поврзување меѓу саканите. Погледнете неколку филмови во продолжение, а за повеќе посетете ја нивната страна. Оној што верува во чуда, го негува детето во нас.
Доколку сте стигнале до крајот ан текстот, веројатно сте ги проследиле филмовите. Се надеваме дека научивте нешто од нивната содржина или можеби се потсетивте на нешто што веќе го знаете. Понекогаш го живееме животот без или едвај да ги заприметиме моментите. Но, тоа веројатно го чувствуваат луѓето околу нас. А блиските се оние кои со нашето игнорирање ги повредуваме најповеќе. Во сито време, се надеваме дека се потсетивте дека вербата е онаа констанца која го „држи“ светот. Динамиката и брзото секојдневие, прават да заборавиме на неа, но затоа веруваме дека преку нашите содржини, успеваме да ве држиме будни кон убавото!