Влегувате во мистериозната зона на куќата , позната како WC, што веројатно стои зад „Where Creativity Happens“. (Ова особено важи за мажите) …И додека седите на тоалет, размислувате за најголемите мистерии на светот од типот: „ Дали рибите знаат што е вода?“ А дали сте знаеле што значи кратенката WC?
WC веројатно e „безбедно засолниште каде се раѓаат, можеби „најдобрите“ идеи. Веројатно ви се случило некогаш да го решите и најсложениот проблем во светот со помош на радио-фреквентни бранови одложени во местото наречено тоалет со кратенката наречена WC. А зошто тоа чудно место се вика WC, тоа е веќе друга приказна.
Имено, еден историчар вели дека буквите значат „воден плакар“.
Овој термин се користел од аспект на учтивост уште во 19от век со буквален превод „водечки кабинет“. Во тоа време било забрането да се зборува за физиолошки потреби. Кратенката WC го доби овој облик како доволно учтив израз на изговор. Според веб-страницата за водовод Plumbworld, фразата „воден плакар“ , прв пат била употребена во Англија во 1870тите. „Flush cabinet“ се преобразил во терминот „water clozet“ за подоцна да се користи кратенката WC.
„Девенаесеттиот век е времето на дизајн-иновации на модерните тоалети кои секако помогнаа во подобрување на јавната хигиена и здравје“-пишува Mirror.
Да резимираме: денес, WC не е само „воден клозет“ туку и место на „интелектуална рефлексија и забава“. И не заборавајте да ја заклучите вратата и да го затворите капакот како и да се вика оваа мистериозна зона и што и да значи – „нужда е нужда, служба е служба.“