Интензитетот на аплаузот од публикумот зависи од магијата на она што се случува на една сцена. Овој пат, магијата на концертот на Крсте Роџески, анимира силен интензитет на аплауз кај публиката во Центарот за култура во Битола.
Емотивна акустика како „променада низ првите изданија на Роџески“ кои за прв пат беа изведени во живо во Битола, ќе остане врежана во сеќавањата на гостите. На барање од публиката, Роџески со восхит и задоволство „ ја дуплира“ и нумерата од Вања Лазарова.
Овој концерт е само почеток на нови настани во Центарот за култура во Битола. Публиката очекува токму ваков наплив на музичка енергија.
фото | Диоген Хаџи Коста Милевски