Една приказна за Раѓањето на Божиќ

коледе бадник kolede

Оваа приказна е создадена на Божиќна фреквенција која е обновувачка и не анимира сите нас да бидеме предадени на добрината, љубовта, верата и надежта. Приказната не ја раскажувам јас, ја раскажуваме сите заедно во еден здив, кои веруваме во неа. Синхроно, пулсираме во безвременска приказна. Очи разгалува приказната! Ткае взаемност и љубов посилна од љубовта.

Во  една тивка ноќ во пејсажот на Витлеем, пред околу 2000 години, се роди Исус Христос. Се роди под сјајот на најблескавата ѕвезда. Светлината на Бадник, Оганот на Коледе и двете заедно, бдеат, топлат и создаваат симбиоза на силна светлина и ново раѓање. Одново креираат атмосфера во која секоја заедница се чувствува сакано и поврзано. Во есенцијата на човечкото спасение се крие повикот за размислување и дејствување, за градење на емпатија и заедништво. Ете затоа се чувствуваме сакано и поврзано.

Самата приказна е магична: тогаш луѓето шетаа низ темни и непривлечни времиња. Затоа Бог го испрати својот Син како светло во темнината и како надеж за секој кој го прифаќа.

На Коледе, будноста пред обредниот оган, денот кога светот се претвора во чуден сон, небото ги отвора вратите и радосно го пречекува раѓањето на Спасителот. И самото раѓање на Исус е преполно со симболизам. Неговото присуство внесува мултиплицирана светлина и топлина. И дури и во најстудените и најтемни камбани на светот се чувствува спокој, живот, нешто топло во душичката што знае да милува. Да ти прости, да си простиш, да простиш… пред „Прочка“ за да го отвориш срцето „најшироко“ за старото, новото и најновото пријателство. Да ги сплотиш сите срца без страв од непознатото. Да искусиш момент на самоспознавање.

kolede 
коледе

Според христијанската вера, Божиќ претставува момент на најрадосно траење. Детски срца трчаат во унисон на Коледарска песна и Бадникова вечера. Мирис на костен, на орев, на јаболка и посен колач… Трпезата ни е традиција, љубов и милосрдие. Неспоредлива топлина и креација на солидарност. Миг што знае да трае посилно и подолго од сите четири сезони заедно.

Во овој временски портал, обичните моменти повеќе не се обични. Тие се величествени. Семејставата дејствуваат како ангели дарувајќи го своето време, љубов и внимание на другите. Човечките срца стануваат посветени со идејата за љубов и кохезија. Сите се држат заедно како видливи молекули полни со привлечна сила на светлина. 

Празничната бајка обединува семејства, љубовта се носи низ тивок ветар, варено вино и приказни што траат. И се пренесуваат и зборуваат и сакаат да продолжат. Приказната за Божиќ е толку многу магична што претходните тешкотии како да се топат под светлината на божествената најава.

Божјата љубов стапи во човечката историја на начин што ниту еден друг момент не успеа да го направи. Таа е вечна и непроменлива , стапувајќи во човечките срца како извор на вистинско значење, изминувајќи ги границите на времето и просторот.

Пишува Ромина М.