Бред Пит и Клуни заминуваат во историјата! – Кој е актерот по кој полудуваат тинејџерките

Тинејџерките полудуваат по актерот Џејкоб Елорди

Актерот Џејкоб Елорди е со австралиско потекло, а две улоги се главни виновници за светот да слушне за неговиот име. Џејкоб беше Ноа Флин во трилогијата „The Kissing Booth“ во продукција на Нетфликс. Последователно ја играше и улогата на дваесет и шест годишниот Џејкоб Елорди во тинејџерската серија на HBO „Еуфорија“.

Згодната фигура и привлечното лице на актерот, ги привлече погледите на женскиот светоглед. Се чини дека неговата заводливост ќе трае долго со оглед на неговата младост и амбициозност во актерските води. Харизмата и заводливоста на Џорџ Клуни и Бред Пит, полека но сигурно, заминуваат во историјата на филмската атрактивност.

Откако се појави на премиерата на „Присила“ , на Софија Копола во Венеција, Џејкоб Елорди ja воодушеви публиката.

Светот останува на младите, на „новите лица“. И како што би испеал легендарниот Џорџе Балашевич , тоа и денес би звучело токму така:…„за топката сега трчаат некои други деца и… зелените кајсии и црешите ги берат други деца! („Неки нови клинци и трешнје беру у авлији..“)

Клуни и Пит одамана ги „собрале“ и конечно му велат збогум на титулата СЕКС СИМБОЛ!

Актерот Џејкоб Елорди

Извор