Ја прајме вака-така,ама за една сцена од минута, си лапна милионче – Саманта од Сексот и Градот!
Ајде малку холивудси да потрачариме. Ок, де си прајме муабет. Ваква таква, исканфузена, се слеквала не се слеквала, Саманта си лапна милионче од „Сексот и градот“. И тоа само за сцена која траеше нецела минута шо се вели.
Инаку ја „оговараме“ Ким Катрал, која ја играше улогата на Саманта – главната ѕвезда од светски популарното шоу „Сексот и Градот“! На обожавателите, им е повеќе од јасно со оглед на медиумското труење, оти глумицава долго време беше на нож со дотичните од серијата. Сара Џесика Паркер (Кери), Синтија Никсон ( Мирандето) и Кристин Дејвис(Шарлот). Овај пат Ким изигра мудро и ја скапаја молење за да се „испрај“ на сетот. Али по толку наоудолу шо ја земале и не и ја зголемвале платата, на оваа и прекипило. Ким само мудро молчеше и го чекаше моментот ко ќе ѝ се клања цела екипа. Така, на крај се кандиса да седни на задно седиште во скап автомобил и да се преправа дека збора со Кери додека нејзините услови биле да не навиди никој од колешките.
И на крај? – Шлап милионче.
Шо се тиче до „И токму така“ продолжението на серијата, според нас е голема катастрофа (по американцки дизастр). Како прво, серијата беше фокусирана на 4 силни жени. На сингл животот, на пријателството. Само успат беше спомната модата како една мисла шо му се влечка на сите жени и стално се држат на она познатото :„Немам шо да облечам!“. Серијата беше фокусирана на колумнистката Кери која уствари си водеше „дневник“ во кој убо си се опишваше животот на четирите сингл чупи во Њујорк. (Градот кој никогаш не спие, а не спиеја и овие. Или богами, спиеја наваму натаму. Со еден, па друг…Али ок. Се држеа на поентата.)
И цела таа приказна ко ќе се претвори во евтиноча и комерцијала, се разбира дека негативецот станува позитивец. Во случајот Ѕверка (разгалено дете на мама и тате, шо се прцка со пурите и има еден шофер шо го развозва наваму натаму. Никогаш не знај шо сака, има сто жени на сите страни и не не знај да биди во врска! Ич не е за женење и, жените ќе ме разберат, дел е од она екипа на „мачомени“ шо обично испарват и ги зема марсовецот) Арно ама со оглед на то колку публиката ја сакаше приказната за Кери и Ѕверка, сценаристите одлучија да терат во поинаков правец, па така тие двајца си останаја да си живеат заедно „хепили евр афтр“.
И да, се ок то време беше и со Мирандето. И стварно ја обожававме дури беше таква сарксатична, ладна, адвокатиште. За на крај и та да попушти со нервите и да се заљуби. Да роди дете од нигде никаде шо екшли наговестуваше дека работите излегуваат од контрола. Али некако ни се бендиса тој бракот нивни со Бредли, оти пак беше Миранда доминантната шо во секој момент можи на мажот му да му спука и да му речи седи ќути, јас ко шо ќе кажам. И фала Богу на крај пак си се сакаја.
Шарлот пак беше исто јакичка, уба однадвор, глуми елеганција, женче кое секако е изгорено да биди јака секси мамичка шо турка количка. И на крај туркаше. И уште поубо го најде Хари, апсолутната спротивност. Ликот на Шарлот претставуваше една наивна женичка, до некаде и глупичка. И онака можи делуваше како дел од мозаикот кој во секое друштво му фали. Онака греота е, дај ќе ја дружиме. Барем така изгледаше. Али ипак, сѐ тоа делуваше.
А Саманта? Е таа беше стварно ѕвездата на серијата. Таа беше сексот, а овие беа градот. А реално, кој се пали на градО? Фала богу на другото се фаќа публиката, ама на кој да му текни оти сексот продава. Муабето е оти аџија и меанџија пак ќе се сретнат.
И токму така, сега наеднаш, Кери стана саркастична идиотка, со големо его и скапи чевли кои нема шанси да си ги дозволи со нејзината плата. Така серијата станва фикција. Уште од тука се руши приказната. Шоуто изгледаше како реална слика на животот од зад камерите, сега е скрос очигледна комерцијала. Како „дај спонзорирајте не, дајте ни пари и ќе ви ги рекламираме челите, алиштата, версачињата, дончегорданите.“ Пука играта со брендој. Евтиноча пак ќе речам! (Фала Богу, вие како сакате)
И токму така, пошо серијата мора да следи некој тренд, Мирандето од јака прејака, од жениште над жеништата шо евидентно јасно и сигурно имаше претензии кон машкиот род, стана дел од ЛГБТ (да се разбериме никој не сакаме да навредиме, ама во серијата некако не оди). Можеа да клат елементи, ако сакале да ги пратат „трендојте“, али не Миранда. И како се правдат режисерите, сценаристот, а и самата Синтија за тоа: „Па знаете таа со текот на годините старее, и човек со тоа се менува. Го менува својот карактер!“ Така е, али не е така. Мачкање очи! Тоа едноставно не е Миранда! Луѓето ја сакаат Миранда.
Шарлот пак (да не збораме оти од палстиките самата актерка си го рпомени личниот опис и од старт е разоќарување), ја претера со нејзината наивност, принципеиелноста околу домаќинските работи и паниката. Ликот веќе навистина доби размери на едноставно (да не вреѓаме ама…) многу наивна девојка. Ок, веројатно ко шо погоре објаснивме, можи и то му беше поентата од старт за Шарлот. Ама сѐ си има гранци, а овие очигледно немаат. Битно и Кери и Шарлот и Миранда носат јаки сандали, аксесоари, брендој за кои само можи да сонуваме. Шо поексцентрично…И не оти не ја сакам модата. Не оти не се најјаки на светојте… Луди сме по модата, ама ова е „ту мач пара ми“.
А Саманта? Епа…Сто души се собраја да ја заменат, ама цврц. Сума сумарум, и ова не е то шо беше. Али муабетот беше за Саманта. Со една минута е попопуларна од овие триста илјади реплики шо изнакажаја и милион сцени шо изнаснимија.
Ех…само кај се тие режисерите и сценаристите да ми го слушнат муабетот. Не ме пратат бре, не! Ти му велиш чоечки, тие не та не! Е то е!
Текстот е пишуван на битолски дијаект. Сите mислења, заклучоци и ставови на текстот се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk