Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Омаж на филмот, уметноста и музиката – Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

На 15 јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување!

Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како:

„Големата вода“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија… „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“. Потоа „Бал-кан-кан“, „Piargy“– добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме“ и многу други.

Диригентската палка е на Џијан Емин. Учествуваат солисти како Владимир Крстев, Ратко Даутовски… Потоа Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов. Концертот претставува ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не се пропушта.

Кирил Џајковски, oсвен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот, тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Неговата визија и неговите исчекори се секогаш пионерски патокази за правците на развој на новите музички форми.

15 јуни | 20:00 часот | Национална опера и балет

[post_tags]