Кевин Костнер на 77от Кански фестивал доби седум минути овации за новиот филм „Хоризонт: Американска сага“. Филмот на Кевин Костнер создаде емотивен момент во наполнетата сала. Актерот плачеше од среќа. Публиката извикуваше: „Кевин! Кевин! Кевин!“
Во видеото споделено на Vriety, на мрежата X, Костнер го сподели своето задоволство и благодарност кон сите кои го подржаа во овој личен и финансиски ангажиран проект.
Kevin Costner gets teary-eyed during the standing ovation for his film “Horizon: An American Saga” at Cannes. pic.twitter.com/ddOxeGUprm
— Variety (@Variety) May 19, 2024
„Жал ми е што моравте толку долго да аплаудираат за да разберам дека треба да зборувам, рече Кевин со насмевка и дополни: „Толку добри луѓе. Толку добар момент, не само за мене туку и за актерите кои дојдоа со мене , за луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да работат. Тоа е забавна работа и многу ми е мило што ја најдов. Ниту едно место не е вакво. Никогаш нема да го заборавам, ниту моите деца.“
Филмот во кој Костнер го вложи своето богатство и хипотека на својот ранч, го проследува развојот на американскиот запад преку очите на сточари, земјоделци и домородци. Првиот дел од филмот беше прикажан во Кан каде се создаде „емотивниот момент за паметење“. Американската премиера е закажана за 28 јуни. Вториот дел ќе биде претставен на 16 август. Во филмот играат Сијена Милер, која беше на премиерата во Кан , Сем Вортинттон, Аби Ли, Лук Вилсон и многу други.