Велигденско декорирање на јајца – Супер креативни и забавни идеи

Веќе се во тек подготовките за прославување на најголемиот христијански празник Велигден, празникот на Христовото воскресение. Ова e најсветлиот христијански празник и добро знаеме дека јајцето е најголемиот симбол. Традиционално пред Велигден, на Велики Четврток, во секој дом се вапсуваат јајца. Токму тие го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот. Ова е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес. А нему најповеќе му се радуваат децата.

Во прилог, ви пренесуваме неколку креативни и забавни идеи за декорирање на велигденски јајца, со кои најповеќе веруваме дека ќе се израдуваат вашите малечки. Сепак, не заборавајте да имате барем едно црвено јајце кое ќе го вапцате рано наутро во зорите, пред изгрејсонце. Затоа што отсекогаш за него се вели:

„…Но, она што е обединувачко насекаде, е верувањето дека првото вапцано јајце, рано наутро, пред изгрејсонце има особена магиска моќ: ги штити луѓето од болести и од секакви зла, ја чува стоката и ги заштитува посевите на луѓето. “

Црвената боја ја симболизира крвта, а тоа го симболизира животот. Освен тоа, се вели и дека црвената боја е симбол на пролеаната крв на Исус за спасение на луѓето на земјата. Воедно претставува и победа, здравје, оптимизам и љубов.

Имајте барем едно црвено јајце, а потоа уживајте во најсреќниот празник Велигден. Уживајте во подготовката. И секако, сето тоа правете го со љубов, насмевка и среќа што ќе ја предизвикате кај вашите малечки.