Велигденски пост – да се навратиме кон Божјата љубов и благослов!

велигденски пост

Велигденски пост! Зошто го почитуваме? За да ја одбележиме светата природа на воскресението на Исус Христос- празникот Велигден. И да се приближиме кон Божјата мудрост и милост. Постот не потсетува на нашата човечка ранливост и потребата да се навратиме кон Божјата љубов и благослов.

За време на Велигденскиот пост, верниците се фокусирани на молитва, размислување и дела со хуман исход. Истовремено се воздржуваат од одредени видови на храна и намалување на  своите потреби на материјални задоволства за да испратат чисти мисли и молитви кон духовната длабочина  на својот животен пат.

велигденски пост

Велигденскиот пост ни нуди шанса да ги промениме своите навики и да ги преобмислиме нашите патишта. Преку откажување од одредени видови на  храна и скромност во нашите потреби , можеме да го прочистиме нашиот ум, тело и душа. Велигденскиот пост е период на самопреглед и рефлексија кога се обновува нашата врска со Бога  и со нашите блиски. Промената на навиките не само што ни овозможува посветеност кон духовното растење, туку и не поддржува да бидеме посветени на постигнување на подобро, посветено и задоволно „јас“.  

Велигденскиот пост е време за споделување. Преку заедничките оброци и молитви, верниците се поддржуваат едни со други и се освежуваат во својата вера. Со Велигденскиот пост се слават верските уверувања со радост и благодарност. Нека Велигденскиот пост нѐ потсети на значењето на духовната обнова и подготовка и нека нѐ води кон длабините на нашата вера и разбирање за светлината на Воскресението. Во ова време на Велигденски пост да ја споделиме радостта со сите околу нас.

пишува Ромина Марковска