Ивона Јо доживеа ,,шок” во Битола! – PRANK ВО YUGO

Ивона Јовановиќ – македонска поп и рок-пејачка, препознатлива по својот стил, елеганција и силен личен став втемелен во длабока вера во Бога, седна на совозачкото седиште во југото на Мими.

Ивона Јо доживеа ,,шок" во Битола! - PRANK ВО YUGO

Во најновата епизода на YUGO, Ивона Јо откри детали од својот кариерен развој. Од своите погледи кон идните планови, како и личните уверувања, ставови и гледишта кон животот и музиката.
Нешто подоцна, „по нашки“, разговорот се продлабочи и кон нејзините стравови. Со Мими, како и секогаш, темите се отвораат искрено и динамично. Овојпат со патриотски контекст и брутално реален осврт кон она што го имаме… Но, и кон она што упорно се обидуваме да веруваме дека „извира“.

А кога веќе се зборува за стравови и за уверувањето дека во YUGO можеш да поминеш сѐ, само не обично, следеше и едно не баш пријатно изненадување. Режијата беше успешна: познатата пејачка и инфлуенсерка остана шокирана. А финалниот ефект, смеење до солзи, беше очигледен и кај водителот, и кај гостинката, но и кај публиката.

Prank во YUGO. Со Ивона Јо. Во продолжение, погледнете го видеото и уживајте во најновата епизода.


[post_tags]