Се сеќавате ли на играчка slinky? Од мала идеја до големо богатство!
Создадена сосема случајно некаде во деведесеттите, а изгледа и децении пред тоа, оваа играчка го одбележа детството на многумина. Но, најинтересно е нејзиното сосема случајно „раѓање“, а подоцна уште поинтересен е нејзиниот живот. Кој е оној кој никогаш не се откажал од неа? Всушност, зад сето ова, се крие жена! Еве ја приказната играчка та slinky.
Оваа едноставна играчка, позната по својата метална пружина и способноста да изгледа како да оди по скали или рака, им донесе бескрајна забава на децата ширум светот во таа ера.
Целта на оваа играчка насловена како slinky беше прилично едноставна – Се ставаше на некоја што е можно повисока површина и бевме фасцинирани од тоа како таа се движеше самостојно? (Денес сигурно и вие се чудите од тоа воодушевување).
Еден од заедничките предизвици со slinky беше како правилно да се „отклучи“ кога ќе се заплетка. Ова беше вистинска вештина и често бараше трпение и умешност за да се врати играчката во првобитната форма.
Но, замислете. Оваа играчка всушност е создадена многу порано од 90-тите во Филаделфија и тоа во далечната 1943 година. Нејзиниот татко (пронаоѓач), Ричард Џејмс, случајно го открил потенцијалот на slinky додека неговата мисија како инженер, била да дизајнира затегната пружина за да се одржи безбедносната електронска опрема на американските бродови.
Но, вистинската магија се случила кога една од пружините случајно паднала. Тогаш Џејмс сфатил дека ова нешто може навистина да ги израдува децата. Најпрво му ја понудил на неговиот син кој бил воодушевен од оваа играчка, а подоцна и сите деца уживале во неа. Веднаш после тоа идејата ја споделил со неговата сопруга, која на почетокот имала мали сомнежи. (Жена ко жена нели?)
Но, набрзо играчката добила свое име, кое всушност му го дала сопругата на Џејмс. Slinky значи заоблено и елегантно. После тоa, Џејмс направил 400 копии од играчката и основал компанија за нивно производство. На почетокот целиот процес на креирање на една гигантска компанија бил бавен, но веројатно сигурен. Сепак, и покрај преголемата заработка, Ричард во 1960 се откажал и го напуштил семејството. Заминал во Боливија приклучувајќи се на извесно религиозно движење. (Маж ко маж нели?) Или рекол, па одрекол!
Но, кој не се откажал од оваа приказна? Сопругата. Жената. Го промовирала производот, вложила во рекламен материјал, го патентирала, заработила милионски суми и успеала целата планета да дознае за slinky.
Оваа едноставна играчка брзо станала популарна и остави неизбришлива трага во светот на детските играчки. Денес, slinkies сè уште се достапни и иако поминаа многу години, тие сè уште предизвикуваат чувство на носталгија. Преку интересна анимација, погледнете го видеото подолу и дознајте како оваа приказна започна од мала идеја и стана најпозната играчка во светот.