Уникатен пристап на Лари Елисон при интервју за работа! Еден работодавач поставува мудро прашање, за кое секако треба добро да размислите пред да го одговорите. Прашањето е; „Дали си најпаметната личност што ја познаваш?“, a одговорот може да биде клучен.
Лари Елисон, основачот на „Oracle“ и еден од најуспешните претприемачи на сите времиња, користи прашање за оние кои се пријавени на интервју за работа кое изгледа едноставно, но е полно со скриени значења:
„Дали си најпаметната личност што ја познаваш?“
Што открива одговорот?
Ако одговорот е „да“, кандидатот добива работа, покажувајќи самодоверба и убеденост во своите способности.
Ако одговорот е “не”, следува прашањето кој е најпаметната личност што ја познаваат. Компанијата потоа ги бара тие луѓе – потенцијалните генијалци кои можат да го револуционизираат „Oracle“.
Овој уникатен пристап не е само паметен трик туку и начин да се пронајдат најдобрите умови во светот дури и ако тоа значи да се мине преку препораките на останатите.
Елисон, со богатство од 208,2 милијарди долари, има големо влијание врз технолошката индустрија и врз начинот на размислување за талентот. Што мислите, како би одговориле вие на ова прашање?