Тест на личноста – Дали имате силна емоционална интелигенција и сте отворени или не се откривате?

Овој тест на личноста според Миа Џилин, решава важно прашање околу вашата емоционална интелигенција. Дали имате силна или не се откривате?

Во продолжение погледнете ја сликата и заклучете што гледате на истата, а според Овој тест на личноста, прочитајте кој е одговорот.

На сликата има форми кои можат да укажат на две слики – фигура на жена или ветровита ноќ и свиткување гранки од дрвја. Во зависност од тоа што прво сте виделе на сликата, кажувате и многу за себе.

Ако прво сте го виделе дрвото

Ако најпрво сте виделе дрво, тоа би укажувало дека вие сте социјален тип. Личност која многу од вашето опкружување ја сметаат за доверлива. Луѓето ви се доверуваат и сметаат дека вие знаете да ги чувате нивните тајни. Во врските кои ги градите со вашите пријатели или пак љубовните врски, и вие лесно сги споделувате вашите чувства и ставови. Искрени сте, лојални посветени.

„Исто така сте многу љубезни и имате силен морал. Имате силна емоционална интелигенција како книга“, вели Миа.

Доколку најпрво сте виделе лик

Кон вас гледаат како доверлива личност и вие се однесувате кон другите со почит. Но, вие не сакате јавно да ги искажувате емоциите. Често се изразувате преку своите постапки бидејќи не ретко можете да изразите благодарност со зборови.

На ова Миа, ќе поентира: „Бидејќи сте прилично интровертни, се борите да се изразите вербално и претпочитате да ја покажете вашата љубов преку чинови на услуга и давање подароци“.