Инфлуенсер скокна во поплава за лајкови

Инфлуенсер

Лудоста на овој инфлуенсер е повеќе од лудост!

Додека беснееше ураганот Милтон и ја пустошеше Флорида, Мајк Смолс Џуниор (инфлуенсер), реши да се впушти во опасна авантура. Смолс е познат по своите бизарни и авантуристички потези. Одново ги привлече сите очи кон себе.

Лудоста на инфлуенсерот овој пат достигна „врв“. Смолс, вооружен со надуван душек, чадор и пакет тстенини, излезе на улиците на Тампа токму пред ударот на ураганот. Во живо на платформта Кик, тој на своите следбеници им даде бизарно ветување – ако неговиот пренос достигне 10 000 прегледи, ќе скокне во поплавените води со душекот како импровизиран сплав. За чудо, таа бројка беше надмината.

инфлуенсер скокна во поплава за лајкови

За Мајк Смолс Џуниор, прегледите и лајковите се неговата единствена мета.

Додека милиони беа на безбедно и ги следеа известувањата за ураганот, тој реши да се впушти во борба со природните сили. Токму во моментот кога властите издадоа наредба за задолжителна евакуација, инфлуенсерот „сфати“ дека тоа е совршено време. Мајк ја виде поплавата како сцена за својот следен вирален подвиг. Беше ризична игра со природата, каде што само еден погрешен чекор, можеше да го чини многу повеќе од неколку лајкови.

Смолс навистина го одржа својот збор. Влезе во водата додека ветерот се засилуваше, но наскоро сфати дека не може да се справи со природната сила. „Ветерот почна да се засилува, а јас не знам да пливам, па морав да се дофатам за дрвото“, изјави за Би-Би-Си. Иако неговата авантура набрзо заврши, тој едвај се извлече неповреден. Гледачите и спасувачите, останаа со мешани чувства.

Лудоста на инфлуенсерот е само уште еден пример за тоа до каде некои луѓе се подготвени да одат за внимание на социјалните мрежи. Се чини дека во ерата на виралноста, границите помеѓу храброст и неразумност, сè почесто се бришат. Смолс можеби заработи внимание, но останува прашањето – до каде е подготвен да оди за прегледи?